Направете свои пари

Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik)

Опис На почетокот едукаторите од Академик ќе реализираат презентација за историјата на монетите и нивната употреба. Ќе се презентираат различните видови на монети кои се користеле во минатото и денес во различни делови од светот. Потоа ќе ги запознаеме со програмата преку која ќе ги дизајнираат сопствените нови монети (http://www.onlinewahn.de/generator/m-maker.htm). Откако ќе им го претставиме начинот преку кој ќе можат да програмираат за да ги создадат своите лични монети, ќе им дадеме задача да нацртаат на лист како би сакале да изгледа нивната монета, како да се вика и колкава вредност ќе има. По завршувањето на своите цртежи, одредувањето на вредноста и името на сопствените монети, учесниците на настанот, сопствените монети ќе треба да ги испечатат. Ново создадените монети ќе бидат јавно презентирани за време на изложба која ќе биде отворена за посетители во текот на следните денови. Во настанот ќе бидат вклучени лица со посебни потреби, деца од етнички мешани бракови, а ќе настојуваме и полово да бидат рамноправно застапени.


Location

Возрасна група 10 - 24

Тешкотија

Вид Офлајн настан

Date 15.10.2018    10:00 - 13:30

Адреса Крушево
7550 Крушево

Максимален број учесници 20 Вие сакате да учествувате? Ве молиме да го контактирате нашето лице за контакт.

Учеството е бесплатно.
Контакт Друштво за едукација - Академик (Association for education-Akademik) Веб-страница: Facebook: Akademik Krusevo
Имејл на лицето за контакт: akademikkrusevo@gmail.com

Споделување на социјални медиуми